Сопственикот на „Мартини“, во изјава за 4news.mk, ги демантира претходно објавените тврдења дека во локалот имало полициска рација, дека биле уапсени малолетници и дека објектот бил искршен.
Според него, овие наводи не се точни. Тој вели дека во „Мартини“ се примаат исклучиво полнолетни лица и дека не се служи алкохол на малолетници.
Викендов МВР спроведуваше засилени контроли во други локални низ Карпош.