Македонија

Касами нема да организира дочек на Нова година во Тетово, но ќе дозволи светилките да останат вклучени и по полноќ

Касами нема да организира дочек на Нова година во Тетово, но ќе дозволи светилките да останат вклучени и по полноќ

Градот Тетово и годинава ќе остане без новогодишно украсување на градот.

Градоначалникот Билал Касами вели дека нема да се украсува градот, но ќе имало осветлување во текот на целата новогодишна ноќ. Касами додаде дека мора да се штеди.

„За жал, градот нема да се украсува, но сигурно нема да останеме во темнина. Имаме одлука за штедење струја и да се гаси јавното осветлување, но во текот на празниците, за да не бидеме во темнина, одлучивме да имаме јавно осветлување во текот на цела новогодишна ноќ. Градот нема да се украсува, но има предлог да се среди плоштадот. Кога ќе го добиеме конечниот предлог ќе го презентираме“, рече градоначалникот Касами.

Лани, неколку месеци откако беше избран за градоначалник на Тетово, Касами изјави дека нема да се украсува градот и нема да се организира новогодишна прослава поради недостаток на финансиски средства.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни