И плоштадот „Македонија“ во главниот град Скопје блесна во својот новогодишен сјај.

Покрај елката, има и куќарки на кои може да се најдат традиционални новогодишни производи.

А секако, ни најмалите не се заборавени, односно поставен е и мини луна парк, кој веќе е полн со детски џагор.

Во наредните денови ќе има и дополнителна детска, забавна програма.



