Македонија

Жена од Кавадарци го пријавила поранешниот сопруг за обљуба

29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека вчера кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг кој извршил обљуба врз неа.

Полицијата соопшти дека сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес.Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни