Замир Мемети е еден од активистите кој учествувал во протестите на „Шарена Револуција“. Движењето кое ја одбележа 2016 година, а кое протестираше против тогашната власт, во знак на револт фрлаше боја врз државните институции. Активистите кои беа дел од ова движење ќе треба да платат најмалку 24 илјади евра во вид на казна за фрлањето боја, барем за оние за кои е познато дека се води кривична постапка. На Мехмети му пристигнале осум казни, но како што вели уште 30 се во процедура. Тој вели дека државата никогаш не излегла со сума колку сме направиле штета врз институциите.
„Ова со казниве ми личи како да сме на пазар, една казна 100 евра, друга 80 евра и не пишува конкретно за што треба да ги платам казните. Незнам дали ќе можам да ги платам, треба да продадам нешто. Не знам дали ќе платам затоа што мислам дека ќе почнеме со преговори со владата за да го надминеме овој проблем. Иако јас лично инститирам да не не споредуваат со протестите на 27 април и да не амнистираат. Ова ние не го прифаќаме“, рече Зимер Мемети, активист.
По смената на власта, дел од активистите се вработија во државните институции, дел останаа гласни активисти. Една од нив е и професорката Мирјана Најчевска. Таа вели дека добила казна од двесте евра за фрлање боја врз институциите за време на протестите на Шарената револуција. Најчевска поднесе жалба за дискриминација до уставниот суд. Казните таа поинаку ги толкува.
„Јас ова го разбирам како обид да бидам замолчена, како обид да запрам со критика на било кој, кој се наоѓа на власт и обид да биде уништен гласот на оние независните кои не припаѓаат на ниту една политичка партија. Власта која не трпи критика е мртва и нема никаква иднина“, напиша на Фејсбук профилот универзитетската професорка Мирјана Најчевска.
Направивме пресметка на казните кои ги добиле 7 активисти од „Шарената Револиција“, за кои е познато дека се води постапка.
Ана Круклевска 15 казни од 100 евра 1 од 400 евра и околу 30тина во процедура
Павле Богоевски 5 казни од 100 евра и 36 во процедура
Ирена Стеријовска 20 казни од по 100 евра и 20 во процедура
Замир Мемети 8 казни од по 100 евра и 30 во процедура
Симона Спировска 10 казни од 100 евра
Алек Гочев 7 извршни казни од 100 евра и 32 во процедура
Јаков Спасов 11 извршни казни од 100 евра и 10 во процедура
Само за изречените казни треба да платат 7 илјади и 600 евра. Доколку ги земеме во предвид и казните кои што се во процедура, само овие 7 лица треба да платат над 24 илјади евра.
Пемиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи тврди дека претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со цел да се зачува честа на граѓанскиот активизам. Тој вели дека казна за фрлање боја платил и тој.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА