По хрониката на ТВ21 за состојбата за мајката Фериде и нејзините три ќерки, тие веднаш добија помош во храна, облека и пари. Фериде им се заблагодари на сите кои им помогнаа за барем малку, како што вели таа, да видат светлина. Таа денеска рече дека посакува да најде работа со плата со која ќе може да обезбеди храна за децата.
„До сега ми донесоа пари за лекови и ми понудија помош за храна. Интересот беше просечен и им благодарам на сите кои брзо реагираа. Како што рековме и вчера на ТВ21, ни треба куќа. Ја замолувам општина Чаир да ни помогне, да најдам работа за да работам за овие деца, за парче леб. Без разлика каква работа, само да ги израснам овие деца“, рече мајката Фериде Чуковци.
Инаку, за разлика од вчера, кога очите на овие девојчиња беа полни солзи, денеска во нив имаше насмевка. Тие беа радосни што имаат храна и облека за некое време, меѓутоа, нивната желба и натаму е да имаат свој дом.
„Благодарам многу што ни донесоа храна и на мајка пари за лекови, многу сум среќна“ рече Кенза, ќерката на Фериде.
Н – Која е твојата желба?
„Желба ми е да имам куќа, дај Боже да ни помогнат и нам како на другите“, одговори Верде Фетаи, ќерка на Фериде.
„По вчерашната хроника на ТВ21 за мајката Фериде и трите ќерки, Исра, Кенза и Верде, кои живеат во овој подрум овде, донатори се заинтересираа и донесоа храна и облека, меѓутоа желба на мајката Фериде и трите ќерки е да имаат кров над главата“, – Арменд Абази, репортер на ТВ21.
Помош за ова семејство собираат неколку организации. Фериде Чуковци заедно со ќерките апелираат до секого кој има можност да им помогнат да соберат средства за да обезбедат куќа.
Инаку ова семејство живее под кирија во подрум во скопска Гази Баба.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ