Македонија

Лидерска средба без Албанците, Мухамеди: Сериозен пропуст и пречка на плановите на Заев

Лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски ќе се одржи вечерва, но без присуство на лидерите на албанските партии. Лидерите на СДСМ и  ВМРО-ДПМНЕ ќе дискутираат за претседателските избори, реформските закони, СЈО, но зошто албанските партии се исклучени од оваа средба?

Политичкиот аналитичар, Нијази Мухамеди на ова гледа како на сериозен пропуст, бидејќи, како што вели, на оваа средба ќе се разговара за прашања кои се од интерес на цела држава.

„Не е добро тоа што оваа средба се одвива тет а тет само со лидерот на ВМРО, Мицкоски, и може да се нарече сериозен пропуст на двете страни, што лидерот на опозицијата прифаќа средба без присуство на другите, на која ќе се разговара за прашања од општ интерес за државата, но и на тој што ја свика оваа средба игнорирајќи го албанскиот политички фактор. Последиците и хендикепот на оваа средба ќе се почувствуваат во иднина и тоа ќе биде пречка за плановите на Заев за тоа како ќе ги координира политичките процеси кои бараат консензуалност на повеќе нивоа“, изјави Нијази Мухамеди, политички аналитичар.

Заев ден претходно рече дека на оваа средба не е потребно присуство на другите партии.

Средбата ќе започне во 20ч во Владата и ќе се одвива зад затворени врати.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни