Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на 86-тата и на 90-тата седница.
Единствена преостаната точка на 86-тата седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеници на опозицијата.
На 90-тата седница, пак, треба да се расправа за Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка.