Свет

Кинескиот оддел на „Тојота“ го прошири капацитетот за производство на електрични автомобили

Кинескиот оддел на „Тојота“ го прошири капацитетот за производство на електрични автомобили

Втората фаза од проектот за проширување на капацитетот за производство на електрични автомобили на кинеската единица на Toyota GTMC (Guangzhou Toyota Motor Co., Ltd.) беше пуштена во употреба во вторникот во Гуангжу. Зафаќа површина од 740.000 квадратни метри со капацитет од 200.000 автомобили годишно, објави Радио Кина .

Со новата производствена линија, GTMC ќе достигне годишен капацитет од 1 милион единици и ќе стане најцентрализираната голема производствена база на Тојота во светот.

Компанијата соопшти дека ќе ја прошири целата своја палета на чисто електрични автомобили. Планирано е тие да бидат околу 60 отсто од продажбата до 2025 година и 100 отсто до 2035 година.

GTMC е основана во септември 2004 година од Guangzhou Automobile Group Co., Ltd. (GAC Group) и Toyota Motor Corporation, при што секоја компанија има 50 отсто од акциите во заедничкото вложување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни