Македонија

На Ќафасан уапсено лице со активна мерка за издржување казна затвор

На 10.03.2019 во 12.00 часот на Граничен премин „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.С.(33) од Скопје се наоѓа на стоп листата  со активна мерка за приведување и спроведување до Казнено-поправната установа Затвор Скопје“, по барање на СМПС Скопје. Б.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни