Судот во Брисел ја остави грчката европратеничка Ева Каили во притвор , осудена за корупција. Мерката е за најмалку уште еден месец.
Каили е во притвор под сомнение за корупција и трговија со влијание во корист на Катар. Според белгиските медиуми, таа делумно признала пред истражителите.
Нејзината одбрана побара таа да биде ослободена и ставена под мониторинг со електронска нараквица. Нејзините адвокати велат дека таа негира соучесништво во корупција.
„Ева Каили е невина и никогаш не била корумпирана“, изјави нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос.