Свет

Пристигнуваат првите фотографии од Париз, четворица повредени во тешка состојба

Пристигнуваат првите фотографии од Париз, четворица повредени во тешка состојба

Најмалку две лица загинаа во пукотница во центарот на Париз, а уште четворица се тешко ранети, пренесоа француските медиуми.

Напаѓачот е 69-годишен маж кој е уапсен. АФП пренесува, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека испукал седум или осум куршуми.

„Настана целосна паника. Се заклучивме во продавницата“, изјави еден сведок за АФП.

Оттаму додаваат дека 69-годишникот пукал во неколку лица. Убил двајца, а повредил повеќе.

Le Parisien пишува дека тој е француски државјанин, пензионер кој претходно работел како возач. При апсењето полицијата му го одземала оружјето со кое пукал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни