Македонија

Три дена дома, еден на работа – пратениците работеле само 88 дена од цела година

Три дена дома, еден на работа – пратениците работеле само 88 дена од цела година

Со вкупно 88 работени дена во 2022 година или три дена дома, еден на работа пратениците се одјавија до по празниците.

Денеска како последна седница за оваа година се одржаа пратенички прашања, која треба да се одржува секој последен четврток во месецот, но оваа година наместо 12, се одржаа само 8 седници.

Контроверзни македонски државјанства клучна тема на седницата на пратенички прашања и од опозицијата, но и од власта.

Ова е последна седница на пратениците за оваа година. Според статистиката, во 2022 година тие имале само 88 работни дена на пленарни седници. Лоши се резултатите и во комисиските расправи. Комисијата за образование иако имала 10 закони што треба да ги разгледа, не успеала да заврши ниту еден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни