Свет

Жена се породила во авионот, капетанот морал да го приземји авионот во Прага

Жена се породила во авионот, капетанот морал да го приземји авионот во Прага

Пораѓањето на летот од Велика Британија за Романија го принудило капетанот на авионот да слета непланирано во Прага, а новороденчето и мајката биле пренесени во болница.

Авионот летал од Бирмингем за Букурешт и слетал на аеродромот Вацлав Хавел во Прага, објави чешката новинска агенција ЦТК.

Момчето родено на овој меѓународен лет е добро, а тој и неговата мајка се згрижени во болница во Прага, потврди портпаролот на аеродромот.

Новороденчето е тешко 2,75 килограми, а неговата мајка Романка пред новогодишните празници отпатувала од Британија во својата татковина.

„Вечерва на аеродромот во Прага слета штрк. Мило ми е што и мајката и бебето се добро и им посакувам добро здравје“, изјави на Твитер извршниот директор на аеродромот во Прага, Томас Холи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни