На Нова година во Берлин се регистрирани 38 напади врз пожарникари, јави ДПА, повикувајќи се на податоци објавени утрото на 1 јануари.
Од прелиминарен извештај, јасно е дека вкупно 15 пожарникари се повредени, а еден од нив е пренесен во болница.
На новогодишната ноќ врз противпожарните возила беа фрлени гајби со пиво и противпожарни апарати, а пожарникарите беа гаѓани со огномет.
Противпожарната служба соопшти дека била добро подготвена за овогодинешните прослави, но сепак била изненадена од „бројот и интензитетот на нападите врз нашите служби за итни случаи“.
Службата за Нова година ангажирала околу 1.470 пожарникари и 395 возила за итна помош.