Во Италија на новогодишната ноќ 180 лица се повредени од огномет, од кои 48 се хоспитализирани, соопштија властите, повикувајќи се на локални и странски медиуми. Минатата година имало помалку повредени – 124 лица. Значително е зголемен и процентот на засегнати малолетници – од 20 на 50.
Регистрирани се голем број сериозни инциденти во јужните региони на земјава, каде прославите традиционално се помасовни. Во Таранто, 10-годишно момче го загуби зглобот од експлозија на петарда. Во Лече, 80-годишен маж е хоспитализиран во тешка состојба, откако петарда експлодирала премногу блиску до неговата глава, предизвикувајќи хеморагија. Во Неапол и околината каде во култ беше подигнат огнометот, повредени се 16 лица, меѓу кои и две деца со повреди на очите.