Стотици руски војници се убиени и ранети во ракетен напад во близина на Доњецк.
Украина соопшти дека удриле во поранешно техничко училиште претворено во касарна. Според Киев, само бројот на загинати би можел да биде над 400, со многу повеќе повредени. Русија потврди дека имало таков удар. Војската соопшти дека 63 загинале, а повеќе од 150 се ранети. Нападот предизвика лути коментари на руските веб-страници и социјалните мрежи.
Повиците се да се казни командантот кој распореди стотици воени лица на едно место, во домет на украинската артилерија. Аматерската снимка од местото на експлозијата покажува целосно уништена зграда. Русија соопшти дека била погодена со проектили од американските системи HYMARS.
„Режимот во Киев погоди со шест ракети од системот за лансирање HYMARS во точка за привремено распоредување на руските вооружени сили во населбата Макеевка. Два од проектилите се неутрализирани.
Како резултат на ударот на преостанатите 4, загинаа 63 војници Вуски. Целата неопходна помош и поддршка ќе им биде дадена на нивните роднини и пријатели“, изјави портпаролот на руското Министерство – Игор Конашенков.