Свет

За прв пат од почетокот на војната, струјата во руски регион беше исклучена по украински напад

За прв пат од почетокот на војната, струјата во руски регион беше исклучена по украински напад

Снабдувањето со електрична енергија во руски регион е прекинато по напад на украински дрон, јави ТАСС, повикувајќи се на локалните власти.

Ројтерс забележува дека ова е прво такво нешто што се случува од почетокот на војната во Украина пред повеќе од 10 месеци.

Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, во „Телеграм“ објави дека при напад со украинско беспилотно летало утринава бил оштетен електричен објект во областа Климовски што се граничи со Украина.

Поради тоа едно село остана без струја. Нема повредени луѓе. Богомаз попладнето соопшти дека снабдувањето со електрична енергија во околината е целосно обновено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни