Македонија

Први фотографии од трагедијата вечерва на патот Штип-Кочани, едно лице загина по судир на автобус со автомобил

Први фотографии од трагедијата вечерва на патот Штип-Кочани, едно лице загина по судир на автобус со автомобил

Нова трагедија вечерва на експресниот пат Штип-Кочани. Од засега непознати причини автомобилот марка „Опел Аста“ се забил во автобус, при што загина совозачот од автомобилот со пробиштипски регистарски ознаки.

На терен се брза помош, полиција и пожарна. Се очекува да пристигне и дежурен јавен обвинител за да изврши увид на местото на несреќата. Сообраќајката се случила во 19.45 часот.

НОВА ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ Едно лице загина, автобус се судри со кола

Лекарите од Итната медицинска помош констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница Штип. Поради случената сообраќајна несреќа, патниот правец е во прекин.

За среќа нема повредени ниту загинати лица во автобусот.

Фото: Република

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни