Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци:
Битола – Прилеп 50 – 100 метри
Охрид – Струга 50 – 100 метри
Скопје – Куманово 50 – 100 метри
Скопје – Велес 50 – 100 метри
Велес – Катланово 50 – 100 метри
Кочани – Штип 50 – 100 метри
Тетово – Групчин 50 метри
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.