Breaking Народна банка управува со Алта банка >>> Следете во живо
Свет

Средбата меѓу Зеленски и првиот човек на ЕК следниот месец се преместува во Киев

Средбата меѓу Зеленски и првиот човек на ЕК следниот месец се преместува во Киев

Планираниот самит меѓу Европската унија и Украина ќе се одржи во Киев, тврди украинското претседателство. Првично беше најавено дека разговорот ќе се одржи во Брисел.

Промената на местото на одржување беше објавена по телефонскиот разговор меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Средбата е планирана за 3 февруари, но на неа нема да присуствуваат сите лидери на земјите од ЕУ, туку само Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Информацијата за претстојниот разговор ја објави портпаролот на Мишел уште во декември.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни