Новинарот Бјорн Штрицел – дописник на германскиот весник „Билд“ е ранет на линијата на фронтот во Украина. Веста на Твитер ја објави главниот уредник на Билд, Јоханес Бојер, а ја потврди и новинарот, пренесе Би-Би-Си.
„Шрицел беше ранет од шрапнел додека известуваше за руската агресија во Украина. Тој е безбеден и повредата не е премногу сериозна. Сепак, ова е уште еден потсетник за тешкотиите што треба да ги надминат новинарите во Украина за да ја кажат вистината“, пишува главниот уредник на „Билд“.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски изјави во текот на ноќта дека добил разузнавачки извештаи дека Москва ќе изврши повеќе напади користејќи ирански беспилотни летала. Овие напади со беспилотни летала против Украина се зголемени во последните денови.