Македонија

Делумно нормализиран авиосообраќајот

Делумно нормализиран авиосообраќајот

Стотици заглавени патници, збунетост, неизвесност, патување до хотел и повторно назад на скопскиот аеродром во надеж дека ќе стигнат до посакуваната дестинација. Ова е сликата од скопскиот аеродром последните неколку дена.

Густата скопска магла ги натера авиопревозниците да откажат 10, а да пренасочат 3 лета. Според правилата на авиопревозниците, тие се должни на патниците кои што се заглавени на овој аеродром да им обезбедат превоз како и хотелско сместување.

Од ТАВ излегоа со соопштение доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Некои од нив и со денови се заглавени на аеродромот.

Од ТАВ велат дека во моментов не очекуваат нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена. Се упатуваат патниците да ја следат веб страницата во делот летови каде евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што се добиваат информациите во нивните системи.

Александра Спировска

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни