Авион од Хамбург за Скопје не може да слета на скопскиот аеродром поради густа магла и намалена видливост.
Слетувањето на авионот до овој момент доцни 30 минути.
Според Флај Радар до овој момент по осуми пат авионот кружи над Скопје.
И во текот на вчерашниот ден имаше слични ситуации, при што авионите слетуваа во Приштина.
Летот го следат над 1.200 луѓе, со тоа тој е втор најследен лет во светот.