Свет

Поранешен борец на УФЦ ја убил девојката, го однел телото во кревет и го покрил со чаршаф

Поранешен борец на УФЦ ја убил девојката, го однел телото во кревет и го покрил со чаршаф

Поранешниот ММА борец со 10 настапи во УФЦ Фил Барони е уапсен во Мексико поради убиство на својата девојка. Трагедијата се случила откако парот се скарал во хотелската соба, а њујоршкиот борец бил под дејство на алкохол и дрога, пренесува Tribuna De La Bahia, а пренесуваат светските медиуми.

Според првичниот извештај, Барони до смрт ја претепал својата девојка од Мексико, откако таа му кажала дека го изневерувала. Барони силно ја фрлил во туш, а таа удрила во главата и починала за неколку минути.

Полицијата на креветот во собата пронашла гола девојка, покриена со чаршаф, со повеќе модринки и траги од удари по лицето и другите делови од телото, без знаци на живот. Борецот е уапсен, а истрагата е во тек.

Се бореше во UFC, Strikeforce, Pride, One…

Борбената кариера на Барони, со прекини, траеше од 2000 до 2019 година, а од втората борба се приклучи на УФЦ, но остана без договор по четири последователни порази. Потоа се бореше под чадорот на PRIDE и Strikeforce, а двапати се врати во UFC и двата пати загуби.

До крајот на кариерата се бореше на многу промоции како ОНЕ, Дрим и Белатор, а последен меч му беше во септември 2019 година кога ја загуби борбата за појасот во организацијата Ребел ФК. Кариерата ја заврши со скор 16-19, од кои 3-7 во УФЦ. Во меѓувреме се занимаваше и со борење и бокс без ракавици, а работеше и како коментатор на ММА борби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни