Свет

Рубљата ја губи вредноста

Рубљата ја губи вредноста

Руската рубља падна во однос на доларот и еврото во првата трговска сесија оваа година, иако тргувањето беше слабо со оглед на тековните државни празници во земјата, објави Ројтерс.

Во вторникот до 10 часот по локално време, рубљата загуби 0,4 отсто во однос на доларот за да се тргува по 70,18 рубљи за долар. Падот во однос на еврото е 0,6 отсто на 74,67 рубљи.

Рубљата ја затвори тешката 2022 година откако падна на ниво од 120 рубљи за долар по почетокот на инвазијата на Украина, но потоа поврати голем дел од својата вредност поради воведувањето строга контрола на капиталот и колапсот на увозот.

Меѓутоа, во декември рубљата повторно почна да паѓа под притисокот на западното нафтено ембарго. Аналитичарите очекуваат падот да биде краткотраен и длабок, благодарение на големиот суфицит на тековната сметка на Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни