Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европската унија се обидела се за да ја запре војната во Украина, но рускиот претседател Владимир Путин не размислува на ништо друго освен да ја уништи земјата, пренесе Ројтерс. За време на прес-конференцијата во Лисабон, Бербок рече дека ставот на рускиот претседател е зошто е „важно да се продолжи со снабдување со оружје за да може Украина да се брани себеси и животите на својот народ“.
Германија бара повеќе начини да му помогне на Киев да ги заштити населението и инфраструктурата, додаде таа, нагласувајќи дека секое слабеење на решеноста на Европа по ова прашање ќе биде од корист за Москва. „И оваа година мораме да го заштитиме и понатаму да го развиваме заедничкото европско единство што не направи силни минатата година“.
Европската унија повеќе не може да си дозволи одлуките да бидат блокирани од поединечни земји-членки, рече Бербок за време на прес-конференцијата. „Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас. Мораме да бидеме способни да дејствуваме ефикасно и брзо“, додаде таа.