Свет

Најмалку 15 загинаа во двојните бомбашки напади во централна Сомалија

Најмалку 15 загинаа во двојните бомбашки напади во централна Сомалија

Најмалку 15 лица загинаа во двете експлозии на автомобили-бомби денеска во Махас, централна Сомалија. Нападите ги извршија радикалните исламисти на групата Ал Шабаб. Уништени се многу куќи, пренесе Ројтерс, цитирајќи учесник во спасувачките операции.

„Избројав најмалку 15 мртви, вклучувајќи војници, локални милиции и цивили. Десетици се повредени“, рече Абдулахи Осман, трговец во Махас. „Многу куќи се уништени. Фрагменти од бомбите повредија луѓе далеку од локацијата, а бројот на жртвите може да се зголеми“, додаде тој.

Окружниот комесар Махас Мумин Мохамед Халане изјави за државното радио дека неговата куќа била една од целите на бомбашките напади. Втората автомобил-бомба експлодирала пред домот на член на федералното собрание, појаснува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни