За снег или чист воздух ќе треба да почекаме. До овој момент нема најави за снежни врнежи во Македонија.
Во следните две недели времето ќе биде надпросечно топло за овој период од годината, но сепак облачно, со магла по котлините.
За Божиќ ќе имаме релативно топло време, утринските температури низ Македонија ќе се движат околу нулата, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Погледнете ја детално временската прогноза која ја подготви тимот на 4NEWS.mk
