Осумчлено семејство, меѓу кои и пет деца, во средата е пронајдено мртво со прострелни рани во нивниот дом во американската сојузна држава Јута, јавува ABC News.
Полицијата ги пронашла додека ја проверувале куќата по барање на социјалната заштита.
Нема осомничени за пукањето.
Семејството било дел од црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, попозната како Мормони.