Веќе шести ден трае потрагата по Зојка Луковиќ од Драчево.
Имено, таа е родена 1954 година, а излегла од својот дом во Драчево на 31-ви декември, околу 12 часот и од тогаш и се губи секаков траг.
Нејзиниот син Марјан во изјава за Фокус вели дека тие живееле заедно, и истата немала здравствени проблеми.
Дента кога исчезнала носела црвена јакна и капа. Се работи за ситна жена со црвена коса.

„Кога во 18 часот и се јавив да видам каде е и зошто не си доаѓа дома, таа не можеше да зборува на телефон. Ми одговори на повикот, кога ја прашував каде е, само нешто нејасно слушнав, сфатив дека нешто се случува и веднаш се јавив во полиција. Не сакам да избрзувам со заклучоци што точно се случувало со неа во тој момент кога ми одговори на повикот, но нешто не беше во ред и таа не можеше да зборува, затоа и побарав помош од полицијата“ – вели синот за Фокус.
Апелира до сите од Драчево кои имаат безбедносни камери, да ги проверат, посебно во тој период од околу 12 часот на 31-ви декември, па се до полноќ.
Инаку, ова е втор случај во Драчево за девет месеци, како исчезнува жена со слична физиономија.
Во март лани и се изгуби трагот на Виолета Крстевска Јаневска (60). Таа тргнала во оптика да си ги земе наочарите, и од тогаш ја нема.
Прочитајте повеќе на Фокус.мк