Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

За една недела за 96 отсто зголемен бројот на заболени од грип, вели Институтот за јавно здравје

За една недела за 96 отсто зголемен бројот на заболени од грип, вели Институтот за јавно здравје

Од 26 декември до 1 јануари за 96 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во споредба со претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во тој период се пријавени 347 (И=18,9/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, а претходната недела имало 177 пријавени, пишува СДК.мк

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 52-ра недела од минатата сезона (н=565) е намален за 38,6%, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 43,9%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, вели ИЈЗ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни