Еврото денеска остана стабилно над прагот од 1,05 долари, објавија германските финансиски публикации.
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута се тргуваше за 1,0518 долари или нешто пониско од синоќа.
Европската централна банка вчера попладне одреди референтна стапка за еврото на 1,0601 долар.