Свет

ОН ја прекина истрагата за нападот на затворот во Оленовка

ОН ја прекина истрагата за нападот на затворот во Оленовка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја распушти мисијата за утврдување на фактите во врска со нападот во јули на затворот Оленовка во областа Доњецк контролиран од проруските сепаратисти, објави Ројтерс. Мисијата на ОН не доби безбедносни гаранции, изјави портпаролот на светската организација.

И Русија и Украина побараа истрага за нападот во кој загинаа украински војници, што го најави Гутереш на крајот на август.

Портпаролот на ОН додаде дека Гутереш ќе го поздрави секое примирје на Божиќ „знаејќи дека тоа нема да го замени праведниот мир во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни