Вулканот Килауеа на Хаваите почна да еруптира, објави Асошиетед прес, повикувајќи се на Геолошкиот институт на САД.
Врвот Килауеа се наоѓа на територијата на националниот парк вулкани на Хаваи и е далеку од станбени области.
Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот. Последен пат еруптираше во септември 2021 година и беше активен 16 месеци. Кон крајот на ноември, на Хаваите имаше два вулкани кои исфрлаа лава еден до друг две недели, а Мауна Лоа еруптираше за прв пат по 38 години. Двата вулкана се стивнаа приближно во исто време.
Претходно во текот на денот, Американскиот геолошки институт го зголеми нивото на тревога за Килауеа поради знаците дека магмата се движи под површината на врвот, што е индикација дека вулканот може да еруптира.
New footage shows latest eruption — Kilauea volcano began erupting again after a month break (video: NPS / Janice Wei) @KITV4 pic.twitter.com/2ooa9tl5Hz
— Tom George (@TheTomGeorge) January 6, 2023