Свет

САД и даваат на Украина Sea Sparrow – со нив ќе соборуваат проектили и авиони

САД и даваат на Украина Sea Sparrow – со нив ќе соборуваат проектили и авиони

САД ќе и дадат на Украина противвоздушни ракети Sea Sparrow со следниот пакет воена помош, пренесува UNIAN, повикувајќи се на Politico.

Според изданието, таквите копнени проектили се управувани со радар и се користат за пресретнување на авиони или крстосувачки ракети. За таа цел, украинската војска успеа да ги модифицира советските системи Бук за лансирање на овој тип американски ракети.

Ракетите од копно Sea Sparrow се во употреба само во Тајван, додека САД и сојузниците ја користат нивната верзија базирана на брод.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни