Свет

Зеленски со обраќање за православниот Божиќ: Русија не може да не подели

Зеленски со обраќање за православниот Божиќ: Русија не може да не подели

Повеќе од 300 дена по руската инвазија на нашата територија, украинските семејства се обединети како никогаш досега – во нивната храброст, во нивната цврстина, во нивната меѓусебна почит и во нивната взаемна помош. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во пораката до своите сонародници по повод  православниот Божиќ (7 јануари).

„Тоа е прослава на хармонијата и семејното единство. Русија не може да не подели“, рече Зеленски во видеото објавено во петокот доцна навечер. Тој уште еднаш ја изрази својата благодарност до Западот за укажаната воена помош . „Украина сега има добра противвоздушна одбрана и оклопни возила, како и повеќе пушки и проектили“, додаде тој.

На оваа позадина, Москва се пожали дека противвоздушната одбрана одбила уште еден напад со украински  беспилотни летала на Крим, кој беше припоен во 2014 година. Беспилотното летало беше соборено рано наутро во саботата во близина на Севастопол. Ова го објави гувернерот на градот Михаил Росвожаев на својот канал Телеграм.

Рускиот претседател  Владимир Путин објави 36-часовен прекин на огнот по повод православниот Божиќ, но борбите продолжија. Украина го отфрли привременото примирје, тврдејќи дека тоа е „лицемерен маневар од страна на Русија“. Последниот напад на потресената земја беше во петокот и траеше околу два часа. Според порака во светските медиуми, станува збор за напад на неколку руски авиони кои полетале од Белорусија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни