Најмалку 17 лица загинаа, а 22 се повредени во сообраќајна несреќа во источната кинеска провинција Џиангси. Ова го објави кинеската централна телевизија, цитирана од ТАСС.
Повредените добиваат итна медицинска помош во локалните болници, се вели во соопштението.
Кинеските власти ги истражуваат причините за сообраќајната несреќа.
Не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот.