Свет

„Љубовта пред се“: Оваа фотографија од Украина ги воодушеви социјалните мрежи

„Љубовта пред се“: Оваа фотографија од Украина ги воодушеви социјалните мрежи

На Твитер профилот на Министерството за одбрана на Украина се појави фотографија која набрзо се прошири на социјалните мрежи.

На фотографијата се гледа како војник ја запросува својата девојка, која исто така е војник. Припадниците на 121-та бригада за територијална одбрана на Украина, Јевхен и Лиза, се вериле среде шума каде што извршуваат должност за одбрана на државата.

„Дури и во најголемата војна на 21 век, има место и време за љубов. Украина е љубов“, напиша тој покрај објавата.

„Љубовта е над се“

Многумина во коментарите напишаа дека овој пар од Украина покажал дека „љубовта е можна и во најтешките времиња како што е војната“.

„Се надеваме дека наскоро ќе живеете во мир“, „За време на оваа војна се случуваат и убави работи“, „Верувам дека наскоро ќе имате прекрасна свадба во слобода и мир“, „Љубовта е над се“, се дел од коментари под објавата која воодушеви многумина.

Потсетуваме дека во ноќта на 24 февруари минатата година Владимир Путин нареди инвазија, а Русите ја нападнаа Украина. Војната се прошири на целата територија на Украина и трае до ден-денес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни