Една од најголемите женски ММА ѕвезди и шампионка во азискиот ONE шампионат, Ангела Ли го шокираше борбениот свет со објавата дека нејзината 18-годишна сестра Викторија, исто така многу талентиран борец, почина на 26 декември минатата година.
Таа не ја објасни причината за смртта, а шокот е уште поголем ако се знае дека Викторија имала закажан настап следниот викенд, на 14 јануари, на првиот настан на ОНЕ годинава.
“Таа ја нема прерано и оттогаш нашето семејство е целосно уништено. Ни недостига повеќе од се на светот. Нашето семејство никогаш нема да биде исто, животот никогаш нема да биде ист”, напишала Анџела Ли во потресната објава на Инстаграм. .
Своето професионално деби го имаше кога имаше само 16 години, победувајќи ги сите борби со прекин.