Свет

Силен земјотрес во Вануату

Силен земјотрес во Вануату

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Вануату, соопшти Американскиот геофизички институт.

Потресот се случил на околу 40 километри од селото Порт-Орли, објави Ројтерс. Неговата длабочина е 10 км.

Нема предупредување за цунами.

Вануату е островска држава во југозападниот Тихи Океан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни