Свет

Украинската легенда доби 10 години забрана за влез во Украина

Украинската легенда доби 10 години забрана за влез во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ за воведување санкции за повеќе од 100 луѓе од јавниот живот. Тоа се луѓе кои одбија да го осудат рускиот напад на Украина и кои ќе ги трпат последиците. Меѓу нив е и Анатолиј Тимошчук, рекордерот по бројот на настапи за украинската фудбалска репрезентација.

Украинскиот фудбалски сојуз уште во март го избриша Тимошчук од регистарот на играчи на украинската репрезентација, истакнувајќи дека тоа го прави поради соработката со окупаторите. По нападот на Русија на Украина, тој остана во Русија да работи како тренер во Зенит од Санкт Петербург и поради тоа остана без тренерска лиценца во татковината.

Според указот потпишан од украинскиот претседател, на Тимошчук не му е дозволен влез во Украина десет години. Покрај тоа, целиот имот му е замрзнат и никогаш повеќе нема да смее да игра фудбал во земјата каде што е рекордер по број на натпревари со 144 одиграни натпревари.

Тимошчук во својата богата играчка кариера настапуваше за Шахтјор, Зенит, Баерн и Каират. Најголем белег остави во Баерн, со кого ја освои Лигата на шампионите и три титули во Бундеслигата.

Со Зенит двапати беше шампион на Русија, а со Шахтјор трипати шампион на Украина. Успесите ги прослави со Баерн и Зенит завиткан во украинското знаме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни