Breaking Народна банка управува со Алта банка >>> Следете во живо
Македонија

Нападнат лекар во амбулантата во Драчево, се кршеле прозорци…

Нападнат лекар во амбулантата во Драчево, се кршеле прозорци…

Полицијата соопшти дека веднаш по полноќ во амбулантата во Драчево бил нападнат дежурниот лекар. Насилникот се обидел да го натепа и кршел прозорци во холот на амбулантата.

Агресивниот напаѓач е приведен дваесетина минути по инцидентот и го признал делото во станица.

Целото соопштение на МВР:

На 08.01.2023 во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје поради тоа што околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот. Тој е приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни