Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска откако Кина ги отвори своите граници вчера, што предизвика зголемување на бројот на патници во двете насоки, што ја зголеми побарувачката за гориво и ги намали стравувањата од можна глобална рецесија, објави Ројтерс.
Фјучерсите на северноморскиот брент за испорака во март додадоа 53 центи, или 0,7 отсто, на 79,10 долари за барел.
Американската лесна сурова нафта додаде 46 центи, или 0,6 отсто, на 74,23 долари за барел, откако во четвртокот поскапе за 83 центи.
И двете сорти изгубија повеќе од 8 отсто минатата недела, што е најголем неделен пад на цените на црното злато од 2016 година.
Отворањето на границите на Кина се очекува да доведе до голем прилив на патници, особено за време на лунарната нова година. Прогнозите укажуваат на околу 2 милијарди патувања само во земјата, што би било двојно повеќе во споредба со 2022 година и би достигнало 70 отсто од нивото пред пандемијата во 2019 година.
Исто така, постои загриженост дека патувањето може да предизвика нов бран на инфекции и да го поткопа економското закрепнување.