Судот во Прага го ослободи поранешниот премиер Андреј Бабиш од обвинението за измама со европски субвенции за два милиони долари, објавија Асошиејтед прес.
Обвинителите побараа тригодишна условна казна и парична казна од 10 милиони чешки круни (околу 440.000 американски долари) за Бабиш. Денешната судска одлука може да се обжали.
Бабиш се изјасни за невин и повеќепати изјави дека обвиненијата против него се политички мотивирани.
Тој денеска не беше присутен во судницата кога беше изречена пресудата. Тоа беше објавено неколку дена пред претседателските избори и ќе биде од корист за Бабиш, кој е главен претендент за највисоката државна функција, забележува АП. Негови главни противници се резервниот генерал Петар Павел, кој е поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО и поранешниот ректор на Академијата за земјоделство, Дануше Нерудова.