Нафтата падна во азиската трговија денеска поради очекувањата дека натамошното зголемување на каматните стапки во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта, ќе го забави економскиот раст и ќе ја ограничи побарувачката за гориво.
Фјучерсите на северноморскиот брент за испорака во март паднаа за 43 центи, или 0,5 отсто, на 79,22 долари за барел до 6:22 часот по македонско време.
Американската лесна сурова нафта падна за 36 центи, или 0,5 отсто, на 74,27 долари за барел.
Двата мерача пораснаа за 1 отсто вчера, откако Кина, најголемиот увозник на нафта во светот и втор најголем потрошувач, ги отвори своите граници за време на викендот за прв пат во три години.
Вчера, Волстрит журнал цитираше два извори од Одборот на Федералните резерви кои посочија дека плафонот на клучните каматни стапки треба да се помести од опсегот од 4,25 до 4,5 проценти на повисоко ниво од 5 до 5,25 проценти, што, сепак, може дополнително вршат притисок врз негативниот развој на американската економија, а со тоа и врз потрошувачката на нафта.