Становите во Македонија не престануваат да поскапуваат. Народна банка на Македонија го објави податокот за последниот квартал од минатата година, кој говори дека годишната стапка на раст кај становите изнесува 20,6 отсто, пишува Фактор.
Тоа е огромно зголемување на цената на становите, и е само малку пониска годишна стапка на промена во однос на третиот квартал, кога годишната стапка на раст изнесувала 21,2 отсто.
Она што сега се случува во светот, и во Европа, пак, е своевидно ладење на пазарот на недвижности.
Такви информации објавуваа светските медиуми уште во октомври и ноември минатата година. Меѓу нив беше и информацијата дека зголемената инфлација веќе се одрази на странските пазари на недвижности, а оние во САД, Германија и Велика Британија полека се ладат. Во овие земји цената на метар квадратен, ако не паднала, стагнирала.