Свет

Пукање во синагога во Ерусалим, има жртви и ранети

Пукање во синагога во Ерусалим, има жртви и ранети

Седуммина се убиени, а десет се ранети во петокот во пукање во синагога во предградието на Ерусалим, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Малку по 20 часот, маж отворил оган врз луѓето што ја напуштале синагогата. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил убиен веднаш по нападот и го опиша инцидентот како терористички чин.

Голем број израелски официјални лица напишаа на своите профили на социјалните мрежи дека остро го осудуваат пукањето, бидејќи денес е Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Во текот на изминатите два дена тензиите на Блискиот Исток нагло ескалираа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни