Македонија

Девојка со кола го прегази поранешното момче додека тој се шетал

Девојка со кола го прегази поранешното момче додека тој се шетал

Момче од Тетово во полициска станица пријавило дека неговата поранешна девојка го удрила со автомобил во доцните вечерни часови додека одел пеш.

„Дваесет и седумгодишниот Д.М. од Тетово, ноќеска (27 јануари) во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 2 часот и 20 минути на улица „141“ во Тетово бил удрен од возило „алфа ромео“ со тетовски ознаки, што го управувала тетовката
А.М.(26), со која подолго време биле во врска“, известува полицијата.

МВР дополнува дека се расчистува и документира случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни