Свет

Белгија нема да обезбеди борбени авиони на Украина

Белгија нема да обезбеди борбени авиони на Украина

Белгија „засега нема да обезбеди борбени авиони Ф-16 на Украина“, изјави белгискиот министер за одбрана Лудивин Дедондер, цитиран од локалните медиуми. Таа прецизираше дека Киев не поднел експлицитно барање до белгиските власти за борбени авиони.

Засега ова прашање не е пред Белгија, додаде Дедондер. Според неа, иако белгиските Ф-16 се на крајот на работниот век, тие се уште активно се користат за заштита на воздушниот простор на Белгија, Холандија и Луксембург. Дедондер истакна дека до крајот на годината се очекува белгиска ескадрила Ф-16 да ја преземе заштитата на воздушниот простор на Литванија, која, како Летонија и Естонија, нема ловци.

Белгија нарача вкупно 34 борбени авиони Ф-35 во 2018 година за да го заменат застарениот Ф-16, но испораките од САД не се очекуваат до 2025 година, пренесе БТА. Неодамна, белгиската влада одобри воена помош за Киев од 92 милиони евра, која не предвидува испорака на тенкови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни